Програма

За работа и активности на Здружение на граѓани за заштита на животната средина, енергетски ресурси, развој на духовни, културни и хумани вредности во граѓанскиот и бизнис сектор

ГНЛМ 

Основна цел и задача на Здружението на граѓани, е заштита на  животната средина и енергетските ресурси и  да допринесе во унапредување и развој на духовните, културните и хуманитарните вредности на граѓаните и бизнис секторот на Република Северна Македонија и пошироко. 

Граѓаните се здружени во Здружение поради заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:

  • Заштита на животната средина, мерки за заштита на водата, воздухот и земјата;
  • Поттикнување на пазарот за трансформација на енергетски ефикасни производи и услуги;
  • Енергетски ефикасни мерки и производи достапни до крајните корисници;
  • Информирање и едукација на крајните корисници за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија;
  • Обука на свои членови преку форми, конвенции и студиски претстави; 
  • Организирање семинари и стручни советувања од научен карактер во делот на духовните, културните и хуманитарните вредности;
  • Проактивни цели за развој на поединци и друштва за високи квалитети;
  • Стратешка развојна цел е да постави правила на игра, кои ќе важат за сите, а ќе се разликуваат од опкружувањето со  едукација и верификација за високи морални квалитети, негови ингеренции и мандати;
  • Соработка  со разни странски организации и учество и организирање на меѓународни соработки и проекти;  
  • Подготовка и организирање на научни собири, трибини и стручни и научни предавања;
  • Реализирање издавачка дејност, подготовка и издавање на периодично стручно списание и други посебни изданија и книги; 
  • Хуманитарни акции за поддршка на социјалните загрозени семејства;
  • Волонтерство;
  • Промоција, развој и обука за морални норми и вредности на слободниот човек како неимар.

Здружението е доброволно, самостојно, невладино здружение кое има вонпартиски карактер.  Во текот на своето дејствување, Здружението нема да се приклучи кон програмата на било која политичка партија.

 Здружението своето тековно работење и опстојување ќе го покрива со средства обезбедени од домашни и странски (меѓународни) организации, институции, фондови,  фондации, клубови, здруженија и друштва, во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија што ја регулираат оваа проблематика. 

Здружението за време на своето дејствување ќе соработува со слични на себе организации, здруженија, комори, клубови, асоцијации и друштва во земјата и надвор од неа во согласност Уставот на Република Северна Македонија, својот Статут и други стопански норми кои ја регулираат оваа проблематика.

Скопје,01.01.2020 година 

Претседател,
М-р Гечевски Лазар, деи

Hit Enter