Енергетски ефикасни мерки и производи
Промовирањето на одржливиот еколошки развој и интелигентното користење на енергијата се едни од нашите цели. Непосредните климатски промени, зголемувањето на цените на енергијата и неизвесноста во комплетната енергетска ситуација, доведуваат до експоненцијален пораст на користење на обновливите извори на енергија.
Обновливите извори на енергија, како што и самиот збор кажува, претставуваат извори кои постојано се обновуваат, користат природни ресурси кои по своите карактеристики се обновливи и со своето постоење и користење не оставаат непосакувана трага на животната средината.
Обновливите извори на енергија се наоѓаат во традиционалните, најчести форми на енергија како што се: сонцето, водата, ветерот, плима и осека, геотермална енергија и сл.
Енергетска ефикасност e извршување иста или поголема количина активности со исто или помало количеството потрошена енергија (топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата.
Со искористување на обновливите извори на енергија (сончева енергија, хидроенергија, ветерна енергија и биомаса) за производство на електрична енергија се добива еколошки чиста енергија, а со тоа и почиста животна средина.
Предноста на овие ресурси е тоа што тие се во неограничени количини и нивното користење не ја загадува околината. Воведувањето на енергетската ефикасност и поголемото искористување на обновливите извори на енергија придонесува кон остварување на позитивни финансиски ефекти и зачувување на животната средина.
Енергетска ефикасност всушност значи извршување иста или поголема низа активности со иста или помала количина потрошена енергија (електрична, топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата. Енергетската ефикасност е збир на планирани и спроведени мерки со цел користење на минималната можна количина на енергија без да се наруши нивото на удобност.
Едноставно кажано, енергетска ефикасност значи да се користи помалку енергија за да се заврши истата работа. Терминот енергетска ефикасност се однесува на ефикасна употреба на енергија во сите сектори на финална потрошувачка на енергија: индустрија , транспорт , услуги, земјоделство и домаќинства.
Во светот неспорно е созреана свеста и јасно е изразена желбата, еколошкото наследство што ќе им го оставиме на идните генерации не треба и не смее да биде помало од она што го наследивме.