Проактивни цели за развој на поединци и друштва за високи квалитети
Карактеристиките на едно лице даваат слика за неговиот начин на комуницирање со општеството, проактивно одговарајќи на одредени конкретни ситуации.
Проактивни луѓе се оние луѓе чии одговорности и знаења во било какви околности или предизвик (работен или личен) имаат храброст да делуваат иновативно, ефективно и смело.
Проактивноста се однесува на став што го поседуваат одредени луѓе за да следат ситуации или задачи што треба да се контролираат, одговорно управуваат и да дадат висок капацитет на одговор.
Покрај тоа, лични квалитети на едно лице вклучува неговото знаење и вештини во различни области од човековото опкружување, негови карактерни особини, карактеристики на темперамент, специфично однесување, интеракција со други луѓе и со животната средина.
Развојот на една личноста е динамичен процес што никогаш не завршува и се стреми кон се поголема зрелост, зашто колку личноста повеќе се развива, толку повеќе се усовршува на интелектуален, социјален и емотивен план и поѕспечно се прилагодува на условите за живеење.
Специјализирани обуку за проактивен развој на поединци и унапредување на нивните способности како организациски, комуникациски, персонални, менаџерски, мотовациони, способности за критично размислување, за работа под притисок, за креативно размислување, способности за учење и градење на каериера, и многу други кои креираат една личност со високи квалитети.