Заштита на животната средина, мерки за заштита на водата, воздухот и земјата

Животната средина е просторот со сите живи организми и природни богатства, односно природните и создадените вредности, нивните меѓусебни односи и вкупниот простор во кој живее човекот . Нејзината заштитата и унапредување претставуваат еден од најголемите предизвици на денешницата.

Нема економија без одржливост и нема здравје без чиста животна средина. Заштитата на медиумите и одделните области на животната средина се постигнува преку преземање мерки и активности кои се однесуваат на заштитата од штетните влијанија. Тоа значи заштитата и унапредувањето на квалитетот и состојбата на почвата, водата, воздухот, заштита на областите на животната средина, на биолошката разновидност и други природни богатства, како и заштита од осиромашување на озонската обвивка. 

Поддржуваме зелената економија преку еко-иновации и услуги од областа на животната средина. 

Се залагаме за заштита на природата и природните ресурси од загадување и намалување на климатските промени, преку постојано вложување во зелена економија и креирање на зелени работни места.

Енергетската ефикасност и заштедите на енергија се од витално значење за заштита на животната средина, а воедно се едни од најмоќните и најефективните начини за постигнување на енергетски одржлива иднина.  Ги поддржуваме акциите насочени кон заштита на животната средина преку енергетско ефикасни производи и практики.

Контролата и намалувањето на загадувањето останува една од основните цели. Ова вклучува употреба на еколошки горива и користење на обновливи извори на енергија, промовирање на одржливо управување со отпад, правилно и правично управување со водите и зелен транспорт. Се залагаме за намалување на количините на отпад и рециклирање на материјалите и производите.

Со искористување на обновливите извори на енергија (сончева енергија, хидроенергија, ветерна енергија и биомаса) за производство на електрична енергија се добива еколошки чиста енергија, а со тоа и почиста животна средина.

Hit Enter