Промоција, развој и обука за морални норми и вредности на човекот

Моралот претставува збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници. Моралните норми се составен дел од вредносниот систем на едно општество. Тоа се  морални правила или начини на однесување за суштинско одржување на стандардите на пристојност и моралност каде и постои тесна поврзаност помеѓу моралот, вредностите и етиката на едно општество проследени преку неговите поединци. 

Вредностите кои ги поседува еден човек се неговите водилки во животот. Тие ги диктираат неговите меѓусебни односи, но и односите спрема природата и светот со што го диктираат секојдневното однесување на луѓето. Тие се поврзани со вредностите затоа што покажуваат кои дејства се добри, а кои може да се сметаат за лоши. Моралните норми ги поттикнуваат луѓето позитивно да размислуваат и да се однесуваат, што доведува до нивна благосостојба и воспоставување ред.

Личниот развој на секој човек му овозможува да ја осознае неговата личната природа и огромните потенцијали кои ги носи во себе. Владењето со своите способности и морални вредности е од суштинска важност за напредокот на една личност во животот како и поединечниот допринос на целото општество.

Hit Enter