Хуманитарни акции за поддршка на социјално загрозени семејства

Хуманоста претставува доблест на добриот човек и е дел од животната етика што ја отсликува големината на еден човек. Најчовечната особина е да се помага секогаш и во секој момент, на кој било начин, без оглед на верска, етничка или национална припадност.

Доблест за секој поединец работејки за доброто на останатите, без мотив за каква било финансиска или материјална добивка е да излезе во пресрет на помагање односно задоволување  на потребите на лицата на коишто им е најпотребна помошта, како што се сиромашни и материјално необезбедени семејства и поединци.

Хуманитарната поддршка на ваквите лица е преземање и приклучување кон систем на мерки и активности за ублажување на основните социјални ризици на кои се изложени загрозените лица во текот на животот. 

Хуманитарни акции се состојат во доделување на хуманитарни пакети за нашите сограѓани со социјален ризик. Хуманитарни пакети се пакети со хигиенски средства, прехранбени продукти, обелка и се она што може да помогне на социјално најранливите категории. 

Со ова се покажува заедничка грижа и се побудува поттик на сите институции, компании и граѓани за повисока општествена одговорност односно обезбедување и насочување социјална поддршка онаму каде што е најпотребна.

Hit Enter